X
 22.03.2022 Забава

Американец се преселил во канцеларијата за да не плаќа кирија, по четири дена добил отказ

Американецот Сајмон Џексон стана хит откако објави видео како се вселува во канцеларијата. Како што објаснува, се одлучил за овој чекор затоа што не бил доволно платен за да си дозволи стан, па решил да протестира против својот работодавец. Видеото има над 13 милиони прегледи, а Сајмон набрзо бил отпуштен.

Откако компанијата во која работи Сајмон се префрлила на работа од дома поради коронавирусот, тој одлучил како ниско платен вработен да се пресели во канцеларија која во поголемиот дел од времето била целосно празна.

Тој објави видео на својот профил на „Тик-ток“ како го подготвува својот нов „простор за живеење“ и се сними како го отпакува куферот со облека и други лични предмети.

- Се селам од мојот стан во канцеларијата на работа. Не ме плаќаат доволно за да работам во канцеларија и да имам стан, па во знак на протест живеам на работа. Ќе видиме до кога ќе издржам - напиша Сајмон, сместен во центарот на Сиетл.

Откако неговото прво видео собра над 13 милиони прегледи, Сајмон продолжи да го документира својот живот и успеа да помине четири дена живеејќи во канцеларијата.

- Технички, никогаш не можете да задоцните на работа вака - изјави Сајмон.

@calm.simon

Check out my new apt

♬ original sound - Calm Simon
Неговиот план тргнал наопаку кога работодавецот дознал што направил Сајмон. Го принудил да го напушти новиот „дом“, а одделот за човечки ресурси побарал од Сајмон да ги избрише видеата.

- Тоа се случи многу порано отколку што очекував. Но, ви благодарам што ме следевте. Ова е крајот на ова поглавје, но не е последното што ќе го видите од мене - напиша Сајмон, додавајќи дека веројатно ќе живеел таму засекогаш ако не снимал.

Во видеото објавено во вторникот, Сајмон ја информира својата публика дека на крајот добил отказ и се заблагодарил за поддршката. Тој рече дека размислува сега да го направи „Тик-ток“ негова работа.

- Собрав толку многу прегледи, па можеби ќе можам да направам нешто од тоа. Ако не успее, секогаш можам да најдам друга работа - рече тој, додавајќи дека не е исклучено да се занимава со канцелариска работа повторно.

@calm.simon Reply to @sarahlempa don't cry because it's over, smile because it happened #homingfromwork ♬ original sound - Calm Simon
Извор: Klix.ba
Фото: Tik Tok/Screenshot
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава