X
 22.05.2017 Наука

Околу Земјата постои бариера која е вештачки создадена од човекот

Истражувачи на НАСА откриле дека одредени радио комуникации познати како VFL (многу ниски вибрации) можат да комуницираат со честички во вселената, движејќи ги во различни насоки.

Познато е дека може да се влијае на времето околу планетата, но ова откритие може да доведе до начини со кои може да се манипулира со него.

Повеќе експерименти покажале дека под одредени околности радио комуникациските сигнали на многу ниски вибрации имаат влијание на својствата на средината на зрачење на висока енергија околу Земјата.

Студијата е сеопфатен преглед на човековите ефекти на планетата. Земјата е опкружена со региони исполнети со наелектризирани честици познат како Појасите Ван Ален. Се претпоставувало најпрвин дека постојат два такви региони, но веројатно е дека станува збор за нешто многу посложено. Тие се последица на магнетното поле на Земјата и дејствуваат како речиси непробојна бариера, држејќи ги повеќето енергетски електрони настрана од планетата.

Со понатамошни студии би можело да се открие дали вишокот честици може да се отстранат од долната орбита на Земјата. Ова може да помогне при екстремни временски случувања кои се потенцијални уништувачи на сателитите и другите инструменти.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука