X
 22.05.2021 Забава

Комични фотографии од дивиот свет што ќе ви го разубават денот

Натпреварот за најдобра комична фотографија од дивиот свет оваа година е отворен до јуни. Но, веќе има неколку фотографии што ќе успеат да ве насмеат и да ви го разубават денот.

И покрај тоа што има повеќе од еден месец додека не заврши пријавувањето, натпреварот веќе прими илјадници фотографии од целиот свет.

Избраните фотографии покажуваат животни од различни места во светот - Африка, Карибите, Бразил, направени во совршен момент.

Натпреварот беше основан во 2015 година од професионалните фотографи Пол Џоунсон-Хикс и Том Сулам. Натпреварот се фокусира на позабавната страна на фотографирањето на дивиот свет, а го поддржува и промовира зачувувањето на дивиот свет и живеалиштата преку хумор.

- Голем дел од дивиот свет прикажан на овие фотографии се соочува со закани за нивното живеалиште и населението. Со овој натпревар сакаме да го привлечеме вниманието на луѓето, давајќи им причина да се насмеат. За да ги заштитиме животните, потребно е луѓето да се вљубат во нив. Фотографиите нè потсетуваат на убавината и комедијата во нашиот природен свет на кој му треба заштита - вели Том Сулам.

Натпреварот и понатаму е отворен за пријавување фотографии. Ако имате фотографија што сметате дека е вредна за пријавување, тоа можете да го направите до 31 јуни.

ГАЛЕРИЈА

Извор: Diyphotography.com
Фото: The Comedy Wildlife Photography Awards 2021
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава