X
 22.06.2015 Живот

Мудри индијански мисли

Секогаш поздрави го пријателот кога ќе го сретнеш, поздрави го дури и странецот на осамено место. Почитувај ги сите луѓе и не се поклонувај никому.


Првиот мир, кој е најважен, е оној кој доаѓа во душата на човекот кога ќе ја сфати својата врска, своето единствено со универзумот и неговата моќ, и кога ќе сфати дека во средината на универзумот се наоѓа Големиот Дух и дека тој се наоѓа насекаде, во секој од нас.

Од Големиот Дух, Големите Тајни, доаѓа целата сила. Големиот Дух на светот му ја дава човечката мудрост, моќта за лекување и за правење свети дела. Човекот знае дека сите лековити билки ги дава Големиот Дух; затоа се свети.

Нашата земја, нашата вера и нашиот живот сме едно. Во оваа земја ловиме. Од оваа земја, од нејзините дрвја и камења ги градиме нашите куќи.

Јас бев на крајот на земјата. Бев на крајот на водата. Бев на крајот на небото. Бев на крајот на планината. Не пронајдов никој кој не ми беше пријател.

Дали некогаш ќе започнеш да го сфаќаш значењето на земјата под твоите нозе? Сето тоа е свето - од зрното песок до планината. На оваа земја вечер и утре постојат вечно. Ние, домородното население, сме чувари на овие свети места.

Света Мајко Земјо, дрвјата и целата природа се сведоци за твоите мисли и идеи.

Големот Дух е во сите работи; тој е воздухот кој го дишиме. Големиот Дух е нашиот татко, а земјата нашата мајка. Таа нас не` храни; она што го ставаме во неа, тоа таа ни го враќа.

Почитување значи да слушаш додека некој не сослушаш и не разбереш; дури тогаш е можна рамнотежата и хармонијата - целта на индијанската духовност.

Научени сме да веруваме дека Големиот Дух гледа и слуша и никогаш не заборава: дека после ова овде на човекот ќе му даде духовен дом според неговите заслуги... Во ова веруваме со нашиот народ.

Ако разговараш со животните, и тие ќе разговараат со тебе и така меѓусебно ќе се запознаете. Ако не разговараш со нив нема да ги запознаеш, а она што не го познаваш, од него се плашиш. Од она што се плашиш, тоа го уништуваш.

Не постои смртта. Постои само промена на световите.

Животот не и` е доделен на смртта. Само изгледа така.

Кога ќе дојде време да се умре, немој да бидеш како оние чиешто срце е исполнето со страв од смртта, па кога ќе дојде нивното време тие плачат и молат за малку повеќе за уште еднаш да го проживеат животот на поинаков начин. Пеј ја твојата песна и умри како јунак кој се враќа дома.

Со оглед на тоа што сте овде странци, треба да се прилагодите на обичаите на нашите земји, а не да ни ги наметнувате своите.

Имаше време кога нашите луѓе ја покриваат целата земја како брановите на морето го покриваат дното на морето. Но, тоа време одамна го нема, заедно со славата на тогаш заборавените племиња. Нема да жала за нашата прерана пропаст, ниту пак да им замерам на нашите бели браќа што ја забрзаа.

Денес е добар ден за да се бориш, денес е добар да за да умреш.

Нашите животи се во рацете на Творецот. Одлучни сме во бранењето на нашата земја, а ако е негова волја, тука ќе ги оставиме нашите коски.

Јас сум Шаване. Моите предци беа воини. Нивниот син е војник. Од нив го земам моето постоење. Од моето племе не земам ништо. Сам се изградив себеси онаков каков што сум.

Се` на земјата има своја цел, за секоја болест има растение кое ја лекува, а секој човек има мисија.

Индијанците немале пишани закони. Традициите кои ги пренесуваа од колено на колено беа единствените закони кои ги воделе. Секој може да се однесува различно од она што се смета за правилно ако сака така, но народот ќе го осуди. Тој страв од осуда делува како моќна врска која ги поврзува сите во една социјална, почесна целина.

Сфатив дека во било кој голем подвиг не е доволно човек да се потпира само на себеси.

Животот е како светулки во ноќта, и здивот на бизонот во зима.

Кога ќе го изгубиш ритамот на тапанот на Големиот Дух, ти остануваш без мир и без ритамот на животот.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот