X
 22.06.2022 Образование

Стресот кај децата е една од причините за ваквите резултати на приемниот тест, вели Митко Димовски, директор на „Орце Николов“

Има многу ученици кои беа под стрес. Знам дека оценките треба да говорат за знаењето, ама самата ситуација, односно корона-кризата, онлајн-учењето и приемните тестови, се стрес што децата го акумулираа од претходно и сега се одрази на тестирањето. Многу фактори влијаат врз целата ситуација, вели директорот на средното училиште „Орце Николов“,  Митко Димовски, како одговор на објавените резултати за уписот во оваа скопска гимназија, каде иако сите пријавени биле со просек 5.00, исходите од приемниот тест говорат нешто друго.

Од вкупно 292 одлични ученици со просек 5.00 што се пријавиле за упис во гимназијата „Орце Николов“, по направениот приемен тест само 11 оствариле барем 130 боодови, или 76% резултат на тестот, што се смета за одличен исход. Максималниот број на бодови што ги носи тестот е 170, но никој не стигнал до таа броојка. Максимално што некој успеал да оствари се 152 боодови, или околу 90% успешност.

 

 

Митко Димовски

-Некои ги обвинуваат наставниците дека не ги оценувале децата релевантно во основно и секако и тоа има удел, меѓутоа факт е дека и голем број на солидни ученици не беа доволно ментално подготвени да одговорат на предизвикот. Постојат ученици што учат кампањски од тест за тест и брзо забораваат потоа што научиле и битно е ова да се знае, за да не се удри камшикот само по наставниците – додава Димовски.

Во „Орце Николов“ годинава имаше место за 252 нови средношколци. Се пријавиле 40 повеќе основци, по што се јави потребата за тестирање со цел да се види кој ќе обезбеди место во ова престижно средно училиште.

Вкупно 40 ученици дошле на тестот со просек 5.00, но оствариле недоволен резултат, односно имале помалку од 45 бода. 39 ученици покажале многу добар успех на тестот според процентот за одговорени прашања на тестот, а најмногу од пријавени, односно 133 ученици, имале резултат за оценка 3, или добар. Доволен успех или двојка добиле 70 завршени деветоодделенци.


Подготвил: Никола Петровски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование