X
 22.09.2020 Култура

„Врба“ на Манчевски во игра за Европските филмски награди

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е избран да се натпреварува во официјалната програма на Европските филмски награди. Последниот филм на Манчевски е избран во категоријата игран филм, а досега има учествувано на 30-ина фестивали.
Поради Ковид-19, оваа селекција беше објавена во два чекора – 32 наслови беа обелоденети во август, а денеска беа додадени уште шест наслови. Овие 38 наслови се препорака за номинација за Европските филмски награди. Филмовите беа одбрани од комитет составен од одборот на ЕФА. Повеќе од 3.800 члена на Академијата ќе ги гледаат филмовите и ќе гласаат за номинациите во категориите европски филм, режисер, актер, актерка и сценарист. Номинациите ќе се знаат на 7 ноември, во рамките на Европскиот филмски фестивал во Севилја, Шпанија. 
Европските филмски награди ќе се одржат по 33. пат. Добитниците на наградите ќе се знаат на 12 декември. 

Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура