X
 22.09.2023 Живот

В недела нѐ очекува пороен дожд, грмежи и силен ветар

В недела нè очекува нестабилно време со пороен дожд на повеќе места, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму истакнаа дека денеска и утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината и утре во одредени региони ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

- Под влијание на влажен бран в недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. Пороен дожд и грмежи ќе има и в понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде што локално се очекува да наврнат над 30 л/м2. Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Температурата ќе опадне за неколку степени - наведуваат од УХМР.

Во Скопската Котлина в недела попладне ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветар и услови за краткотрајно невреме. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и малку посвежо.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот