X
 01.10.2025 Живот

УХМР алармира: Утре ќе има обилни дождови, на планините и снег

Управата за хидрометеоролошки работи алармира дека утре ќе има обилни врнежи од дожд, на повеќе места над 30 l/m², а локално и над 50 l/m².

Од УХМР истакнуваат дека на планините врнежите ќе преминат во снег и ќе се формира значителна снежна покривка.



- Под влијание на влажен и студен бран до петок времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m² дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, в петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка. Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст - соопштија од УХМР.



Фото: УХМР

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот