Долгометражниот филм „Златна петорка“ на режисерот Горан Тренчовски ја освои наградата за најдобар странски филм на Интернационалниот филмски фестивал Кардиф, Велс. Филмот, во продукција на „Револушн продакшн“ ја освои оваа награда во конкуренција на повеќе од 2000 филма.
- Со над 30 фестивали и 11 награди, „Златна петорка“ е еден од најуспешните македонски филмови во последната деценија. Филмот веќе трета сезона патува по фестивали и досега е прикажан на сите континенти – вели продуцентот Дејан Милошевски.
Горан Тренчовски
Сценариото е инспирирано по вистинит настан и е работено според прозни и драмски мотиви на Братислав Ташковски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, монтажери се Андрија Зафрановиќ и Аристид Филактов, сценограф е Кирил Спасески, костимограф Нела Тодоровска, шминка Ирена Сенокозлиоска, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез. Во филмот улогите ги толкуваат актерите: Славко Штимац, Јана Стојановска, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Петар Арсовски, Васил Михаил, Ненад Милосављевиќ, Билјана Таневски, Дине Дрваров, Стојан Велков, Александар Ристоски, Влатко Илиевски, Григор Јовановски, Игор Тодоров, Виктор Јакимовски и др.