X
 22.10.2022 Технологија

Кинеска компанија успешно тестира супербрз лебдечки воз во вакуумска цевка

Кина тврди дека е првата земја во светот што успешно спроведе тестови на лебдечки воз во вакуумска цевка. Истражувачите тестирале воз на дистанца од околу 2 километра. За време на тестирањето, возот достигнал брзина од речиси 130 километри на час.

Целта на истражувачите е да изградат вакуумска цевка од 60 километри за возот да достигне брзина до 1.000 километри на час. Тестирањето може да доведе до воведување сосема нов вид брз превоз.

Според истражувачите, ова е прва успешна демонстрација на магнетнолебдечки воз од овој вид кој се движи во вакуумска цевка. Магнетнолебдечките возови веќе се користат, иако ретко. Јапонија месецов го сруши сопствениот рекорд за брзина од 600 километри на час со ваков воз.

Најпознатиот концепт за воз во цевка е „Хиперлуп“, предложен од претприемачот Илон Маск во 2012 година. Сè уште не е изграден систем за овој вид превоз, а според Маск, тоа треба да се случи во наредните години.


Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија