X
 23.01.2017 Живот

Како да бидете среќни: „Клучот за среќа не е во потрагата по нешто поголемо, туку во можноста за уживање во малите работи“

Големите филозофи, како Сократ, Ниче, Мил и други, мудро говореле за среќата и како најлесно човек да стане среќен.

Бертранд Расел

„Од сите облици на внимание, вниманието во љубовта е можеби најфатално за вистинска среќа“.

Не е вообичаено некој како Расел, љубител на математиката, науката и логиката, да се занимава со нешто толку минливо како што е среќата. Но, неговата идеја за среќа може да се најде во чувството на љубовта кое навистина укажува на вистинитост, а се чини дека современата наука е на негова страна.

Фридрих Ниче

„Среќата е чувство кое покажува дека се зголемува моќта - и дека отпорот е надминат“.

За еден нихилист како што е Ниче, среќата е еден вид на контрола која една личност ја има врз своето опкружување. Овој германски филозоф често пишувал за влијанието кое моќта (или недостатокот на моќ) може да го има врз човечкото искуство.

Џон Стурјат Мил


„Научив да ја барам мојата среќа така што ги ограничив моите желби, пред да се обидувам да ги задоволам“.

Титанот на либерализмот, Мил, е можеби и најважната фигура од оваа страна во историјата. Тој ги ширел своите идеи за слобода кога и да имал можност. Кога станува збор за среќата, тој ја усвоил мудроста на античките Грци. Тој верувал во користење на работите ако имаат цел, а ако немаат, ги исфрлал од својот живот.

Сократ


„Гледајте, клучот за среќа не е во потрагата по нешто поголемо, туку во можноста за уживање во малите работи“.

За Сократ, еден од најголемите древни мислители, среќата не лежи во надворешните награди и пофалби, туку доаѓа од внатрешниот успех кој луѓето си го подариле самите себеси. Ако ги отстраниме нашите потреби, ќе научиме да вреднуваме едноставни задоволства.

Конфучиј


„Колку повеќе човек го насочува размислувањето кон добри мисли, толку подобар ќе биде неговиот свет и светот во целина“.

Оваа реченица на Конфучиј е пренесувана низ историјата во различни контексти и му помогнала на луѓето да пронајдат врска помеѓу сопствените мисли, чувства и однесувања.

Сенека


„Најголемиот благослов за човештвото се наоѓа во нас и ни е на дофат на раката. Мудриот човек е задоволен со својата судбина, каква и да е, без желба за она што не е“.

Лао Це


„Ако сте депресивни, тогаш живеете во минатото. Ако сте анксиозни, тогаш живеете во иднината. Ако сте во мир, тогаш живеете во сегашноста“.

Некои истражувања покажуваат дека луѓето се најсреќни кога работат работи кои го бараат нивното внимание.

Киркегор


„Животот не е проблем кој треба да се реши, туку реалност која треба да се искуси“.

Крикегор смета дека среќата произлегува од целосното присуство во моментот и уживањето во него.

Хенри Дејвид Торо


„Среќата е како пеперутка; колку повеќе ја бркаш, толку повеќе ќе бега, но ако го насочиш вниманието на другите работи, таа ќе застане на твоето рамо“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот