X
 23.04.2020 Култура

Денес е Светски ден на книгата: Знаеш дека си прочитал добра книга кога ќе ја свртиш последната страница и ќе се почувствуваш како да си изгубил пријател

Светскиот ден на книгата и авторското право се прославува на 23 април секоја година. Овој ден има големо значење во историјата на светската култура. Луѓето од различно културно потекло, различна земја и етничка припадност заедно го одбележуваат овој ден кој го слави читањето книги.

Воспоставен од УНЕСКО во 1995 година, овој ден го одбележува придонесот на книгите, авторите, издавачите и библиотеките низ целиот свет.
Во продолжение е компилација од цитати посветени на книгата.

- Отсекогаш сум замислувал дека рајот ќе биде еден вид бибилиотека - Хорхе Луис Борхес.

- Куќа без книги е како соба без прозорци - Хајнрих Ман.

- Да запомниме: Една книга, едно пенкало, едно дете и еден наставник можат да го променат светот - Малала Јусуфзаи.

- Соба без книга е како тело без душа - Марко Тулиј Цицерон.

- Добри пријатели, добри книги и сонлива совест: ова е идеален живот - Марк Твен.

- Читањето е разговор. Сите книги зборуваат. Но, добрата книга и слуша - Марк Хадон.

- Никогаш не верувај му на оној што не носи книга со себе - Лемони Сникет.

книга
Фото: Pixabay

- Личноста, било да е господин или дама, којa не наоѓа задоволство во добар роман, мора да е нетолерантно глупава - Џејн Остин.

- Не постои поверен пријател од книгата - Ернест Хемингвеј.

- Ако ги читаш само книгите што ги читаат другите, го размислуваш само она што другите го мислат - Харуки Мураками.

- Секоја книга што ќе ја земеш има сопствени лекции и често лошите книги повеќе те учат од добрите - Стивен Кинг.

- Родена сум со листа за читање што никогаш нема да ја завршам - Мод Кејси.

- Знаеш дека си прочитал добра книга кога ќе ја свртиш последната страница и ќе се почувствуваш како да си изгубил пријател - Пол Свини.

- Постои повеќе богатство во книгите отколку во пленот на сите пирати на Островот на богатството - Волт Дизни.

- Ако постои книга што сакаш да ја прочиташ, но сè уште не е напишана, тогаш мораш да ја напишеш - Тони Морисон.

- Див и луд викенд вклучува седење на предниот трем, пушење цигара и читање книга - Роберт М. Гејтс.

Извор: Republic World
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура