X
 23.04.2022 Живот

Зошто интелигентните луѓе почесто се депресивни?

Високиот коефициент на интелигенција не е гаранција за успех или среќа. Често интелигентните луѓе се заробени во мрежа од сопствените грижи, егзистенцијална вознемиреност и безнадежност.

Уметниците и гениите често се гледаат како „мрачни“ поединци, но дали има вистина во ова? Дали има директна врска помеѓу високата интелигенција и депресијата?

За почеток, високата интелигенција не мора да игра улога во развивањето каква било ментална состојба, пишува „Експлоринг јор мајнд“. Меѓутоа, интелигентните луѓе имаат одредена предиспозиција да се грижат повеќе, да бидат покритични кон себе и да имаат превртен, најчесто негативен поглед кон светот. Во многу случаи овие фактори ги создаваат идеалните услови за депресија.


Фото: Pixabay

Има исклучоци, но многу истражувања и книги ја покажуваат оваа врска, особено кај лицата со коефициент на интелигенција од над 170. Според неврологот Ненси Андресен, гениите во општеството развиваат одредени нарушувања како депресија, анксиозност или панични напади.

Сигмунд Фројд го истражувал развојот на деца со коефициент на интелигенција од над 130. Тој открил дека речиси 60 отсто од нив подоцна се соочувале со депресија.

Експертите велат дека луѓето со висока интелигенција го гледаат животот од туѓа перспектива, без чувство дека се дел од него. Тоа ги доведува да прават грешки во перцепцијата и често ги немаат емотивните вештини да пронајдат мир затоа што се фокусираат на она што недостига во околината.

Извор: Exploring your mind
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот