X
 23.05.2017 Живот

Претприемачи кои се доказ дека возраста и образованието не се пречка за успехот

Многумина посакуваат да имаат сопствена компанија, но само неколкумина успеваат во тоа. Повеќето се препуштаат на рутината да работат за некој друг. Ова се неколку познати претприемачи кои ги достигнале своите цели и желби без разлика на годините кои во моментот ги имале.

Ешли Куалс – основач на „Whateverlife.com“

Ешли имала 14 години кога го започнала водењето на веб страницата. Платформата нудела бесплатни „Myspace layouts“ и „HTML“ туторијали. Основана во 2004, а до 2008 веб страницата имала 7 милиони посетители месечно.

Кари Грин – основач на „Female Entrepreneur Association“

Во 2005 година, на 19 години Кари била студент по право на универзитетот во Бирмингем. Во прва година таа отворила бизнис за декодирање на телефони. За само 4 години имала 100 илјади посети на нејзината веб страница и над 500 илјади прегледи на нејзините „YouTube“ видеа. Заработувала по 500 илјади долари месечно.

Потоа ја започнала и „Female Entrepreneur Association“ а за 5 години добила 300 илјади фанови на „Facebook“ и приход од 90 илјади долари месечно. Сепак, и покрај големите обврски го завршила образованието.

Лан Јанг – една од основачите на „Sun Media“

Бизнисот го започнала заедно со својот сопруг, а платформата вклучува телевизија, весници, списанија и веб страници. Таа знаела што сака уште од мала возраст и постојано работела на остварување на сопствените цели.

Сергеј Брин – еден од основачите на „Google“

Компанијата е основана кога Сергеј имал 25 години. „Google“ е сега еден од најпознатите пребарувачи на Интернет. Богатството на Сергеј се проценува на 43.9 милијарди долари.

Сара Блејкли – основач на „Spanx“

На 29 години инвестирала 5 илјади долари во нејзината идеја за облека за слабеење =. Одела од врата до врата за да го промовира својот изум, а сега е успешна во водењето на сопствениот бизнис и постојано го проширува.

Џеф Безос – основач на „Amazon“

Водечка платформа за трговија во светот, а основана во 1994 година од страна на тогаш 30-годишниот Безос. Производите секоја година се побројни, а и заработката.

Шер Ванг – една од основачите на „HTC“

Компанијата е основана во 1997 година кога таа имала 39 години. Била присутна и за време на падовите и успесите, а е дел и од големиот број уреди кои компанијата ги презентирала на пазарот.

Вера Ванг – моден дизајнер

Сите ја знаат Вера Ванг особено поради нејзините дизајни на венчаници. Ја започнала својата кариера во модното списание „Vogue“, за потоа да стане дизајнер кај Ралф Лорен. Венчаниците започнала да ги дизајнира на 40 години, а од тогаш па наваму се е историја.

Хенри Форд – основач на „Ford Motor Vehicles“

Фантастичен инженер, кој ги креирал познатите возила на 45 години. Кога се работи за нова револуција во светот, што е важно колку години имате?

Ариана Хафингтон – основач на „Huffington Post“

Ариана го започнала создавањето на медиумот на 55 години. Таа била конзервативен коментатор, а потоа одлучила да креира сопствена веб страница, а потоа напишала и низа книги. Сега има 66 години и уште работи со полна пареа.

Насловна фотографија: Вера Ванг/Wikipedia
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот