X
 23.05.2023 Живот

Придружете се во ловот на астероиди: На астрономите им е потребна помош да пронајдат астероиди кои се движат низ нашиот Сончев Систем

Месечевата и планетарна лабораторија на Универзитетот во Аризона создаде веб-страница како дел од истражувањето на „Каталина скај“, финансирано од НАСА, овозможувајќи ѝ на јавноста да помогне во идентификувањето астероиди и комети.

Со создавање профил на „Зуниверс“, корисниците можат внимателно да ги испитаат телескопските слики за потенцијални небесни тела, додавајќи човечки увид во автоматизираните системи за откривање и помагајќи во откривањето објекти што се блиску до Земјата.

Секој може да стане ловец на астероиди благодарение на новата програма лансирана од астрономите од Месечевата и планетарна лабораторија на Универзитетот во Аризона. Со оваа веб-страница научниците ќе ги споделат потенцијалните откритија на астероиди и комети.

- Мислев дека би било одлично ако луѓето можат да го прават она што ние го правиме секоја вечер - вели Карсон Фулс, специјалист за научно инженерство за истражувањето на небото, кој го предводи проектот.

За да почнете со ловот на астероиди, треба да направите профил на „Зуниверс“. Преку оваа веб-страница, без никаква специјализирана обука, ќе им помогнете на професионалните истражувачи од различни области.

Задача за ловецот-аматер ќе биде да одлучи дали идентификуваната дамка светлина на снимките изгледа како вистинско небесно тело. Откако ловецот ќе одговори со кликнување на копчињата „да“ или „не“, ќе може да напише коментар или да премине на следната задача.

Извор: Scitechdaily.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот