X
 23.06.2026 Живот

Просечната нето-плата за април изнесува 48.779 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2026 година изнесува 48.779 денари, соопшти Државниот завод за статистика.

Во април 2026 година, во споредба со април 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7,3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 %, снабдување со вода; отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9,4 % и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9,2 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во споредба со претходниот месец, е забележано во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување за 20 %, трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 2,1 % и административни и помошни услужни дејности за 2 %.


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот