X
 23.08.2021 Живот

Гете-институт е меѓународен и светски признат лидер за учење германски јазик со висококвалификувани професори, програми и методи

И во текот на летото Гете-институт активно работи на збогатување на и онака широката понуда од над 50 курсеви. Од оваа перспектива со состојбата со ковид-19, најголемиот дел од наставата е планирано да се спроведува виртуелно. Кон веќе популарните концепти на настава, како што е курсот Blended Learnig, онлајн-курсот, како и специјалниот курс за интеграција со виртуелно присуство, Гете-институт од септември повторно ги отвора своите училници за тринеделните интензивни курсеви по германски јазик. Со оглед на моменталната состојба, интензивните курсеви со физичко присуство се првично наменети само за возрасни, при што, нормално, целосно се запазени пропишаните превентивни мерки за вашето здравје и безбедност. Овие курсеви, како и сите досегашни, се под водство на нашите висококвалификувани професори и организирани по најквалитетните програми и методи. Сите детали за оваа новина од Гете-институтот можете да ги погледнете на следниов линк: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/kur/gia/tup.cfm

Курсот Blended Learning се состои од две компоненти, кои се еднакво застапени, односно половина од часовите (30, односно 33 наставни единици, во зависност од нивото) ќе се изведуваат на платформата за учење на Гете-институт, а другата половина (30, односно 33 наставни единици) ќе се изведуваат преку виртуелно присуство.
Курсот, во зависност од нивото, трае 7,5, односно 8 недели и опфаќа 8 наставни часа неделно, од кои 4 наставни часа се изведуваат со виртуелно присуство во виртуелна училница, каде што заедно со професорот се следи интерактивна и комуникативна настава согласно стандардите на Гете-институт, а останатите 4 наставни часа на платформата за учење на Гете-институт, каде што под постојан надзор и поддршка на тутор се учи самостојно во време и на место кое на учесниците им одговара.
Наставата се изведува без учебник, односно сите наставни материјали со кои се тренираат четирите јазични вештини (читање, пишување, слушање и зборување) се наоѓаат на платформата за учење на Гете-институт. Платформата е специјално конципирана да го поттикне учењето на германскиот јазик. На следниот линк https://deutschonline.goethe.de/?lang=de може да се види како изгледа онлајн-платформата на која се следи курсот.




Курсот за интеграција е наменет за кандидати кои имаат потреба од полагање на испитот А1 и се изведува во претпладневните часови. Курсот е конципиран за брзо и лесно совладување на германскиот јазик, при што со само два курса, учесниците ќе го стекнат знаењето за полагање на испитот А1.

Онлајн-курсевите во Гете-институт се специјално конципирани за флексибилно и безбедно учење од дома, од кој град и да посакате. Со онлајн-курсевите секој учесник е привилегиран, без разлика на возраста или на местото на живеење/местото на моментален престој. Со самото тоа што 90 % од наставата се изведуваат на платформата за учење на Гете-институт, времето за учење може да се распредели согласно потребите и времето на секој кандидат поединечно, што е одлична опција особено за во летниот период. За време на целиот курс, кој во зависност од нивото трае 6 или 7 недели, учесниците се во постојан индивидуален контакт со туторот, кој континуирано го надгледува напредокот, советува, коригира и помага при учењето.



Платформата за учење на Гете-институт е интерактивна програма за учење. Со професионални материјали за вежбање и најсовремени методи на учење се вежба читање, пишување, зборување и слушање германски јазик. Заедно со другите учесници на курсот може да се изработуваат најразновидни кооперативни задачи. Освен работата на платформата, онлајн-курсот содржи најмногу осум виртуелни средби во живо во виртуелна училница (8 x 45 или 4 x 90 мин.) каде што има можност за разговарање со другите учесници од групата со цел да се вежба говорењето и усното изразување. На следниот линк: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/kur/fer.html може подетално да се запознаат онлајн-курсевите преку бесплатниот пробен курс.

За консултација и дополнителни насоки во вашиот избор сме достапни онлајн за сесија во живо. Имајќи предвид дека нашата програма опфаќа голем број курсеви, на сесиите во живо со задоволство ќе ги одговориме сите ваши прашања за типот на курсеви, времетраењето и обемот на истите. Деталите може да ги погледнете на следниов линк: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/kur/gia/kue.html
На нашата веб-страница може да ги погледнете сите понудени курсеви и брзо и едноставно да се запишете на курсот што е најсоодветен за вас. Доколку веќе сте посетувале курс во Гете-институтот, тогаш системот веднаш ќе ве препознае според бројот на кандидат од претходните учества на курсевите и едноставно ќе можете да се запишете на следниот курс и да извршите уплата за истиот.

Германскиот јазик отсекогаш бил поедноставен за изучување со Гете-институт. Ве очекуваме.




 

 

 

 

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот