X
 18.12.2020 Живот

Вештини што треба да ги совладате до 2025 година за да имате добра работа

Светскиот економски форум проценува дека до 2025 година 85 милиони работни места би можеле да претрпат промена поради поделбата на работата помеѓу луѓето и машините.

Половина од сите вработени во светот до 2025 година мора да стекнат нови вештини за да не ги „прегази“ времето. Светскиот економски форум наведува дека живееме во свет на технологијата и дигитализацијата и кога-тогаш ќе мора да се приспособиме.

Работодавците велат дека на врвот на листата со вештини што мораме да ги усвоиме се критичкото размислување и решавањето проблеми. Оваа година се појавија и вештини за самоуправување, како што се активното учење, отпорноста, толеранцијата на стрес и флексибилноста.

Форумот проценува дека до 2025 година 85 милиони работни места може да претрпат промена поради поделбата на работата меѓу луѓето и машините.

Но, добрата вест е што може да се појават и други работни места што повеќе ќе одговараат на оваа нова поделба на работата помеѓу луѓето, машините и алгоритмите.

Масовното прифаќање на технологијата ќе значи дека потребните вештини за сите работни места ќе се променат во наредните пет години, а разликите во вештините сепак ќе бидат големи.

За оние работници што остануваат на своите работни места, учеството на основните вештини што ќе се промени до 2025 година изнесува 40 отсто, а на половина од сите вработени ќе им треба преквалификација (раст од 4 отсто).

Ова се топ-вештините што ќе бидат исклучително барани во наредните 5 години:

1. Аналитичко размислување и иновација
2. Активно учење и усвојување стратегија
3. Комплексно решавање проблеми
4. Критичка рефлексија и анализа
5. Креативност, оригиналност, иницијатива
6. Лидерство и социјално влијание
7. Разбирање на технологијата, следење, контрола
8. Дизајн и програмирање
9. Отпорност, толеранција на стрес и флексибилност
10. Рационализирање

Мнозинството лидери (94 отсто) сега очекуваат вработените да стекнат нови вештини, што е нагло зголемување од 65 отсто во 2018 година. Испитаниците во истражувањето велат дека преквалификацијата најмногу ќе им биде потребна на работниците од потрошувачката индустрија и здравството и здравствената заштита.

Според 39 отсто од работодавците, обуката ќе се спроведува внатрешно. Вештините ќе бидат надополнети со платформи за учење преку интернет и консултанти за аутсорсинг. Пандемијата го забрза трендот на онлајн-доквалификација.

Помеѓу април и јуни годинава онлајн-платформата за курсеви „Курсера“ забележа четирикратно зголемување на бројот на луѓе што самостојно бараат нови шанси и можности. Бројот на работодавци што обезбедуваат можности за учење преку интернет се зголеми за пет пати.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот