X
 28.01.2016 Образование

Гете-институт Скопје - Твојата порта кон Германија

Гете-институт повеќе од 60 години нуди најголем број курсеви по германски јазик на светско ниво. Околу 200 илјади слушатели секоја година учат германски јазик на сите нивоа во повеќе од 160 Гете-институти во странство, како и во 13 институти во Германија.



Корисна информација за сите кои сакаат да го научат германскиот јазик и да студираат, работат или живеат во Германија е дека во тек се уписи во Гете-институт Скопје за изучување на германски јазик на сите нивоа: од А1 до С2. Уписите траат до крајот на оваа недела (29.01.2016 година), а курсевите започнуваат на 01.02.2016 година.

Курсевите се екстензивни или интензивни, а за оние кои работат или одат во училиште се нудат курсеви за време на одморите и распустите (во групи или индивидуална настава), како и викенд курсеви. Наставата се одвива со висококвалификувани професори кои го владеат германскиот како мајчин јазик.

Процесот на настава се одвива во мали групи од 8 до 14 слушатели. Таа е современа, интерактивна, ориентирана кон потребите на кандидатот и го поттикнува самостојното учење. Училниците се опремени со интерактивни табли.

Јазичните сертификати на Гете-институт се признати во светски размери, а во образовните институции и економските претприемништва на многу земји се прифатени како стандард. Овие сертификати Ви се потребни како доказ за познавање на јазикот за вработување, како и за студирање, живеење или дозвола за престој во земјите од германското јазично подрачје.
За повеќе информации посетете ја веб страната на Гете-институт Скопје: www.goethe.de/skopje.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование