X
 26.04.2018 Живот

Интересна казна за пешаците што минуваат на црвено

Локалните власти во кинескиот град Даје пронајдоа одлична метода за да ги одвикнат пешаците да поминуваат на црвено. Доколку тие не чекаат да се вклучи зеленото светло, ќе бидат испрскани со вода од една интересна направа поставена пред пешачкиот премин.

Уредот, кој е поставен на заштитните столпчиња, ги предупредува пешаците преку аудиосистем дека може да ја преминат улицата откако ќе се вклучи зеленото светло.

- Зеленото светло е вклучено. Ве молиме поминете ја улицата брзо и внимавајте на вашата безбедност - соопштува системот.

Другото предупредување е за оние што не го почитуваат зеленото светло: „Ве молиме не поминувајте. Ќе бидете испрскани со вода“.



Сите оние што не ѝ веруваат на направата и решаваат да преминат на црвено ќе се уверат дека системот функционира откако ќе изреагира благодарение на инсталираните сензори.

Според градските власти, опремата била развиена од страна на локална компанија за информатичка технологија и чини повеќе од 207.000 долари. Уште во првите три дена се намалил бројот на пешаци што преминувале на црвено.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот