Сите ние понекогаш се прашуваме дали се наоѓаме во врска со
вистинскиот човек, па се обидуваме да го споредиме нашиот меѓусебен однос со другите. Но постојат и сигурни знаци што упатуваат дека врската е среќна и здрава:
1. Можете слободно да го кажете своето мислење
Здравиот однос се однесува на начинот на меѓусебна комуникација, а вие ќе знаете дека сте во среќна врска кога ќе бидете во состојба слободно да го искажете своето мислење. Нема да се плашите дека вашиот партнер може да се вознемири кога ќе го кажете вашиот став. Всушност, сигурни сте дека и тој го чувствува истото. Комуникацијата во врската е двонасочна улица, а среќните и здрави односи значат дека и двајцата ќе се чувствувате слободни искрено да го изнесете сопственото мислење.
2. Имате простор за себе
Дури и ако сте вљубени, и понатаму имате време да бидете свои и да правите што сакате без партнерот да ви „виси“ над главата 24/7. Здравите односи значат да му дозволувате на партнерот да има доволно простор за себе. Ако имате можност да излезете сами без него, а притоа да не ви ѕвони на секои пет минути за да провери каде сте, големи се шансите дека навистина сте во здрава врска.
3. Ви се допаѓа врската таква каква што е
Чувството на незадоволство и надеж дека на крајот нешто ќе се промени на подобро самото од себе е вистински знак дека вашата врска е несреќна. Кога сте во здрав и среќен однос, сè ви се допаѓа токму како што е. Чувствувате дека сте прифатени такви какви што сте и вашиот партнер не очекува дека ќе се промените за подобро да му одговарате, а и вие не го очекувате тоа од него.
4. Носите заеднички одлуки
Во среќните врски вие и вашиот партнер одлучувате заедно. Тоа значи дека нема да се изненадите кога вашиот партнер би донел некоја голема одлука што се однесува на двајцата – каде да живеете, што да направите со куќата или нешто слично. Затоа што знаете дека големите и малите одлуки ги носите со заеднички договор и се информирате меѓусебно за вашите ставови и мислења.
5. Односот е избалансиран
Неизбалансираните односи можат да предизвикаат голем стрес врз едниот или другиот партнер. Односот каде што само едниот партнер ги извршува сите домашни работи, а другиот ги заработува сите пари, може да биде вознемирувачки за едната страна, од различни причини. Односите стануваат посреќни и поздрави кога ќе се воспостави рамнотежа.
6. Си верувате еден на друг
Односите не траат ако постои недоверба помеѓу партнерите. Вашата врска е неверојатна само ако можете да се потпрете на својот партнер и да му кажете сè, како и тој вам. Довербата е еден вид почит, а кога и двајцата меѓусебно се почитувате и си верувате, односот ќе ви биде среќен.
7. Чувствувате блискост при вашата интимност
Здравите врски имаат ниво на интимност што го нема во нездравите врски. Создадени сме да развиваме блиски односи и преку допирање. Допирот се поврзува со чувство на сигурност, доверба и поддршка, а поединците што имаат поголема физичка наклоност кон партнерот се чувствуваат попозитивно во однос на нивната врска.