X
 23.12.2023 Наука

Како да ја спречите несоницата при патување?

Не можете да заспиете првата ноќ во хотел? Се вртите и превртувате. Звуците лесно ве вознемируваат. Имате и болка во вратот.

Истражувачите кои биле љубопитни во врска со овој феномен направиле снимки на мозокот на луѓе кои се обидувале да спијат на ново место и откриле нешто интересно.

Во првите неколку часа од обидот да заспиеме, левата хемисфера на мрежата на стандардниот режим (DMN), седиштето на нашиот внатрешен монолог, одржувала релативно високо ниво на активност. Останала будна и дејствувала како ноќен чувар. Тој дел забележувал звуци во текот на ноќта повеќе од останатиот дел од мозокот. Ја разбудувал личноста поради мали пречки, со голема фреквенција.

За среќа, втората ноќ од истражувањето левиот DMN не се активирал. Како мозокот да се приспособил на новата средина, па се чувствувал доволно безбеден за вистински да се одмори.

Што можеме да направиме?


Доколку спиете на ново место, вашиот мозок треба да почувствува дека е нормална ноќ со тоа што ќе вклучите што е можно повеќе од вашата стандардна рутина. Ако секогаш пиете чај пред спиење, земете си чај. Ако имате будилник што ве буди, земете го и искористете го. Направете да се чувствувате како дома.

Ако вашиот DMN, односно вашиот внатрешен монолог, не престане, обидете се со топла бања и туш. Нашите тела природно поминуваат низ промени во телесната температура во текот на 24-часовниот циклус. За да иницирате квалитетен сон, температурата на телото паѓа помеѓу 2 и 3 Целзиусови степени. Кога се бањате или туширате со топла вода, ја извлекувате топлината од вашето тело доведувајќи ја крвта на површината на вашата кожа.

Истражувањата покажуваат дека луѓето што се бањаат со топла бања или се тушираат само 10 минути може да имаат подобар сон.

Извор: Psychologytoday.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука