X
 24.04.2026 Живот

Трамп учествуваше во маратонско читање на Библијата

Американскиот претседател Доналд Трамп учествуваше во маратонско читање на Библијата што го организираа христијанските конзервативци, по неговиот судир со папата Лав Четиринаесетти и неодамнешното објавување на сликата на која е прикажан како Исус.

Трамп читаше извадоци од Стариот завет во рамките на настанот „Америка ја чита Библијата“ во Музејот на Библијата во Вашингтон. Христијанските конзервативци во САД често ги користат тие извадоци и ги толкуваат како повик до луѓето на покајание и до Бога да ја благослови нацијата. Многу јавни личности учествуваат во неделното редовно читање на целата Библија, кое започна на 18 април.

Американскиот Устав ѝ забранува на владата да воспостави една религија како национална, меѓутоа, администрацијата на Трамп го прифати движењето кое го гледа христијанството како клучен сегмент во основањето на САД и смета дека лидерите треба да ја следат Библијата. Министерот за одбрана Пит Хегсет, на пример, цитира извадоци на конференции за медиуми, а исто така води молитви во тој ресор.

Предвидено е за време на неделниот настан за читање, кој е темпиран да ја одбележи 250-годишнината од независноста на САД, и други истакнати конзервативци и членови на администрацијата да читаат извадоци. Меѓу нив се и Хегсет и државниот секретар Марко Рубио. Организаторите велат дека тоа ќе поттикне враќање кон духовните темели кои ја обликуваа земјата.

Делот на Трамп е претходно снимен во Овалната соба на Белата куќа


Трамп ја читаше Библијата во период кога е во судир со папата Лав Четиринаесетти, кој ги критикуваше САД поради војната против Иран. Американскиот претседател им изјави на новинарите дека има право да не се согласува со папата.

Коментарот на Трамп уследи по еден ден откако папата ги критикуваше оние што манипулираат со религијата додека беше во официјална посета на Камерун.

„Тешко на оние што манипулираат со религијата и со името Божјо заради сопствена воена, економска и политичка корист, влечејќи го она што е свето во темнина и нечистотија - рече папата.

Извор: bbc
Фото: Facebook/Freepik

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот