X
 05.09.2015 Образование

Поефикасно читање и подобра меморија со техниката "SQ3R"

За воопшто да седнете да учите, важно е да исполните неколку услови како што е полн стомак, проветрување на просторијата и удобно место за дружење со книгата.

 

tehnika


Откако ќе се подготвите, тогаш можете да започнете со учењето - вашата цел е да читате со намера да запомните голем дел од тоа што го прочитате. Во овој поглед, доста може да ви помогне техниката на читање наречена „SQ3R“, развиена во 1946 година од американскиот психолог Франсис Робинсон.

Добро развиените вештини и техники за читање се сигурен пат кон учењето. Доколку материјалот го учите напамет тогаш никогаш нема да имате успех во учењето. За да ги подобрите навиките во учењето, потребно е да ја примените токму оваа техника.

Кратенката SQ3R произлегува од англиските зборови Survey (Истражување), Question (Прашање), Read (Читање), Recite (Рецитирање, раскажување) и Review (Повторување).

На кој начин треба да се применува?

Во првата фаза (Survey) потребно е да читате за да добиете основни познавања за книгата - прочитајте го полавјето, насловите и содржината на книгата.

Во втората фаза (Question) обидете се да претпоставите за тоа што се раскажува во текстот. Притоа добро би било да запишувате точки и прашања на кои ќе добиете одговор после читањето. На овој начин го активирате вашето предзнаење и го развивате вашиот интерес за читање.

Во третата фаза (Read) треба да го прочитате текстот полека и темелно. Обидете се свесно да ги следите мислите на авторот и начинот на кој тој ги изнесува аргументите (фактите и доказите). Послужете се со маркер во боја и нагласете што е потребно да се истакне.

Во четвртата фаза (Recite) напишете резиме на секој дел, параграф по параграф и што е најважно, пишувајте со свои зборови. Притоа не заборавајте да одговорите на прашањата од втората фаза.

Во петтата фаза (Review) проверете ги белешките од четвртата фаза и обидете се да ја повторите содржината на целиот текст. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование