X
 24.06.2020 Наука

Мапирана е една петтина од дното на океаните на Земјата

Научниците успеале да мапираат една петтина од дното на океаните во светот во рамките на проект во кој треба да се направи мапа од целото океанско дно. Научниците што работат на проектот реализиран од фондацијата „Нипон“ изјавиле дека досега мапирале површина речиси двојно поголема од Австралија.

Проектот почнал во 2017, кога научниците имале мапирано околу 6% од дното на океаните. До денес се мапирани околу 19%. Иако напредокот е голем, сепак, научниците треба да мапираат уште 81% од дното на океаните на планетата. Затоа во проектот се вклучени 133 официјални партнери, соработници и поддржувачи.


Фото: Pixabay

Меѓу соработниците е и фирмата „Оушн инфинити“, која е вклучена во проектот со своите автономни бродови кои може да стигнат до тешко достапни зони во океанот без да го загрозуваат животот на луѓето.

Претседателот на фондацијата „Нипон“, Јохеи Сасакава, објаснува дека има делови од проектот во кои може да се вклучат уште соработници за да се постигне главната цел.


Фото: Pixabay

Мапирањето на дното на океанот ќе го зголеми нашето разбирање на некои основни процеси низ кои поминува нашата планета, како океанска циркулација, временски системи, зголемување на морското ниво и климатски промени. Тоа ќе помогне и во активностите за зачувување и одржување на океаните. Целта е да се мапира целото дно на океаните до 2030.


Автор: Фабиен Ленг
Извор: interestingengineering.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука