X
 24.12.2018 Живот

Како негативната енергија влијае врз вашиот живот?

Позитивните луѓе се привлечени од позитивна енергија; негативните луѓе се привлечени од негативна енергија.

Ние се стремиме да ја гледаме негативната енергија како нешто што другите луѓе го имаат. Секако, понекогаш се чувствуваме негативно - во стил „оди си и остави ме на мир, свету!“, но дали знаете дека негативноста може да биде толку многу вкоренета во вас што понекогаш е незабележлива?

Причината лежи во тоа дека негативноста некогаш носи маска наречена „реалност“. Лесно е да се рационализира дека вие едноставно сте „само реални“.

Но, од кога „да се биде реален“ значи дека работите мора да тргнат на лошо?

Ова не е секогаш точно. Кога го гледаш светот од „реалистичка“ точка на гледање, не можеш да си помогнеш да бидеш негативен доколку твојата верзија на реалноста е негативна.

Доколку твојата верзија на реалноста е негативна, тогаш си условен да веруваш дека сето она што би можело да оди по лош пат, веројатно ќе оди по лош пат, а сето она што може да е добро, веројатно ќе биде лошо.


Ви претставуваме квиз за да го измерете нивото на негативна енергија во вас:

- Дали се жалите? Постојано или само некогаш?
- Дали често дискутирате за тоа што е лошо во светот отколку за тоа што е добро во светот? Ова ги вклучува „ужасното време“, „ужасниот сообраќај“, „идиотската влада“, „бедната економија“, „глупавите закони“ итн.
- Дали критикувате? Постојано или само некои луѓе?
- Дали ве привлекуваат драмата и катастрофите? (дали би оставиле на телевизија вести за нова катастрофа и дали можете да избегнете да бидете инволвирани во животите на дисфункционалните познати личности?
- Дали обвинувате? Постојано или само некои ситуации?
- Дали верувате дека немате контрола врз повеќето ваши резултати?
- Дали се чувствувате како жртва?
- Дали сте благодарни за тоа што го имате сега или ќе бидете благодарни кога работите конечно ќе почнат да одат по вистинската патека за вас?
- Дали чувствувате дека некои работи ви се случуваат или чувствувате дека се случуваат покрај вас?

Oвие две точки се особено важни: Доколку не сте благодарни, освен кога работите се во добро светло, тогаш вие сте негативни. Благодарноста е позитивна. Бидете благодарни за сè што ви се случува во животот (вклучувајќи ги и непријатните животни лекции) дури тогаш можете да ја поканите позитивната енергија во вашиот живот.

Верувањето дека лошите работи токму вам ви се случуваат ве става во улога на жртва; лесно е да се биде негативен. Затоа, имајте ја предвид оваа алтернатива: кога се случуваат добри работи, кој е виновен? Секогаш кога се случуваат убави работи велите дека вие сте одговорни за нив, на пример, сте работеле напорно, сте ги заработиле... но кога доаѓаат лошите работи, ги обвинувате другите луѓе. Кога станува збор за добри работи, вие сте резултатот на она што го правите, а кога доаѓаат лошите работи, тие не се случуваат по ваша вина?

Доколку сте одговориле „да“ на кое било од прашањата погоре, тогаш имате лоша енергија на некое ниво. За да ја исчистите оваа енергија, потребно е да се задржите на позитивен став. Како?

1. Преземете одговорност - „Кога мислите дека сите работи се по нечија вина, ќе страдате многу. Кога ќе сфатите дека сите работи доаѓаат од вас, ќе научите за мирот и радоста“ - далај-лама.

2. Немојте да имате негативни мисли и заменете ги со позитивни - За ова е потребна пракса, посветување и вистински одлуки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот