X
 25.01.2024 Здравје

Ран симптом на Алцхајмеровата болест се открива при паркирање на автомобилот

Алцхајмеровата болест е една од најчестите форми на деменција. Таа е прогресивна и симптомите може да се развијат неколку години пред официјалната дијагноза. Затоа препознавањето на првите симптоми е клучно за пациентот.

Сепак, поради слични симптоми, Алцхајмеровата болест понекогаш е тешко да се разликува од другите медицински состојби како депресија, ненадејни промени во расположението или анксиозност. Покрај промените во расположението, внимание треба да се посвети и на губење на меморијата, тешкотии со концентрацијата, тешкотии во следењето разговори или наоѓање вистински зборови и конфузија за времето и местото.

Научникот Роберт Лав им помага на луѓето да разберат кои се раните предупредувачки знаци. Во една од своите објави на социјалните мрежи тој објасни дека еден од првите симптоми на Алцхајмерова болест е ако некој не може право да го паркира својот автомобил (а претходно го паркирал). Ова сознание доаѓа по истражување спроведено од психијатарот Данел Амен, со скенирање на мозокот на луѓето со Алцхајмерова болест.

- Првото нешто што д-р Даниел Амен го откри беше дека париеталните лобуси почнаа да откажуваат, и тие се вклучени во сензорните влезни информации. Значи, ран предупредувачки знак е дека луѓето се губат или имаат проблем да паркираат право - објасни Лав.

Лав посочува и дека постои врска помеѓу спиењето и болеста. Ако не спиете, вашиот мозок не функционира правилно. Спиењето го намалува ризикот од депресија и анксиозност и е од суштинско значење за создавање нови спомени.

Тој советува дека вежбањето може да помогне во спречување на Алцхајмеровата болест. Правењето аеробни вежби од 20 до 30 минути неделно го намалува ризикот, а вежбањето со тегови може да помогне да се спречи болеста.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје