X
 25.04.2019 Економија

Првиот американски милијардер покажа дека развивањето успешна компанија не е тешко

Историјата, кога се користи на правилен начин, е најголем учител за претприемачите. Не само што можете да учите од големиот број успешни луѓе, туку можете и да учите од нивните грешки за да го забрзате вашиот пат кон успехот.

Всушност, проучувањето на историјата ве учи дека ништо не е невозможно бидејќи, главно, секој голем подвиг бил неуспешен пред да почнат да доаѓаат плодовите од работата. Одличен пример е и американскиот милијардер Џон Рокфелер, за кого можете да дознаете многу и да видите зошто бил контрадикторна личност доколку ја прочитате неговата биографија.

Но, без оглед на тоа какво мислење имате за него, успехот на Рокфелер може да нè научи на многу лекции за тоа како да се изгради успешна компанија.

Ова се неколку навики што можете да ги користите за раст на вашата компанија од самиот почеток.

Кога имал 15 години, Рокфелер минал 6 недели барајќи ја својата прва работа како помошник-книговодител. Секое утро станувал рано и облекувал костум додека не ја нашол саканата работа. Уште како тинејџер Рокфелер сакал да биде богат без оглед на тоа што неговата околина била сосема спротивна од тоа.

Кога ќе ги следите вашите цели, како што е основање компанија, често ќе чувствувате дека тоа е многу далеку и тоа е реалноста, но не смеете да дозволите таквото чувство целосно да ве обземе. Во тие моменти важно е да замислите што сакате да постигнете, без разлика дали станува збор за куќа во каква што сакате да живеете или автомобил каков што сакате да возите, за да можете да се сконцентрирате на она што морате да го направите за да го постигнете тоа. Акцентот е на тоа што треба уште пред да го остварите посакуваното, т.е. треба да се однесувате како да го имате тоа.

Рокфелер се грижел за својот изглед, имал своја рутина и е познат по неговата филозофија на точност. Исто така, тој многу внимавал на деталите и внимавал на своите пари, како и на секојдневните работи. Тие мали секојдневни навики  со текот на времето станувале само поголеми настани во неговиот живот. Многу е важно да се биде благодарен за сето она што го имаме, дури и кога имаме помалку и клучно е да се биде благодарен за сите приходи и работи што ги имаме бидејќи ако со тоа не управуваме на најдобар начин, го саботираме идниот раст.

Рокфелер тврди дека човекот кој само има идеја да стане богат нема да успее бидејќи мора да има значително поголема амбиција од самата идеја. Мора да знаете што е тоа што ве движи, но и која ви е конечната цел.

Речиси е невозможно да развивате успешна компанија без да го препознаете она што ве мотивира и движи. Парите не се секогаш гаранција и покрај големите напори. Затоа е важно да знаете која е вашата цел за да може да останете мотивирани и во најтешките денови, кога имате сè само не мотивација, а резултатите стасуваат толку бавно.

Ако постои нешто што задолжително би требало да го преземете од лица како Рокфелер, тоа е неговата способност за самоконтрола. Кога без престан работите на себе, тогаш истовремено им помагате и на вашите деловни, но и претприемачки потфати.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија