X
 25.04.2023 Живот

Оваа фотографија не беше направена од вселената, иако оптичката илузија ве тера да верувате во тоа

На прв поглед оваа фотографија изгледа како да е направена од вселената. Но, не е. Се чини дека фотографијата ја прикажува заобленоста на Земјата со океан, облаци, атмосферски слоеви и ѕвезди далеку во вселената. Но, фотографијата е одличен пример за оптичка илузија што си „игра“ со мозокот на човекот бидејќи не е како што изгледа.

Тогаш, за што станува збор?

Фотографијата е ротирана, а станува збор за слика што прикажува хоризонт на град со слаба сончева светлина што нежно го осветлува небото.

Некои интернет-корисници сугерираа дека фотографијата со оптичка илузија личи на најавната шпица на „Јуниверсал пикчрс“.

Популарниот италијански научен комуникатор Масимо неодамна ја сподели фотографијата, па таа стана популарна со над 5 милиони прегледи. Но, фотографијата е неколку години постара, а била направена од Џамо Февидал од висока зграда на авенијата Катипунан во Манила.

Оптичките илузии се случуваат кога се обидуваме да направиме брза претпоставка за светот околу нас. Нашиот мозок доаѓа до брз прв заклучок пред да сфатиме што всушност гледаме. И покрај многуте истражувања, научниците сè уште не сфатиле точно како функционираат оптичките илузии.

Извор: Petapixel.com
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот