X
 25.06.2025 Живот

Ослободување од работа на трудниците и постарите од 60 години, работа онлајн, климатизиран јавен превоз – мерки за справување со топлотниот бран

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од Управата за хидрометеоролошки работи и заклучоците на Комисијата за спроведување на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030, се активира фаза 3, кога се очекуваат вонредно високи температури кои го загрозуваат здравјето на населението, особено на најранливите групи.

Најтоплиот дел од денот граѓаните треба да го поминуваат во затворени, разладени простории, да консумираат доволно течности и да избегнуваат алкохол. Особено да бидат внимателни хронично болните, лицата постари од 60 години, бремените жени и помалите деца.

Министерството апелира до сите институции, работодавци и граѓани да постапуваат одговорно и согласно следните мерки:

-Активирање планови за вонредни услови - сите здравствени установи, установи за згрижување стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.
-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина и да се разгледа можноста за:
-Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;
-Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо;

-Работодавците да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25 °C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;
-Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, доколку работодавецот не е во можност да создаде соодветни микроклиматски услови за работа.
-Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на директна топлина;
-Здравствените, образовните и социјалните установи да постапат согласно плановите за вонредни состојби, да го ротираат персоналот и да обезбедат климатизирани простории за пациентите и вработените;

-Центрите за социјална работа, локалната самоуправа и Црвениот крст да ја интензивираат теренската поддршка за осамени, стари и бездомни лица;
-Образовните установи и градинките да избегнуваат активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;
-Работодавците да обезбедат соодветни услови за работа (температура до 25 °C) и по можност да применат онлајн работа или флексибилно работно време;
-Да се обезбеди климатизиран јавен превоз за граѓаните во текот на целиот ден.
Министерството за здравство, заедно со сите надлежни институции, ќе продолжи со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот