X
 25.07.2020 Здравје

Овие земји сѐ уште не потврдиле случај на коронавирус

Во декември 2019 се чинеше дека коронавирусот ќе остане во Кина. Но неколку недели подоцна вирусот, кој ја предизвикува болеста Ковид-19, стана глобална пандемија. Досега 188 земји во светот потврдиле случаи на коронавирусот.


Фото: Freepik

Научниците и здравствените работници, како и властите низ светот, посочуваат да се одржува физичко растојание при комуникацијата со други лица и да се одбегнува социјализацијата освен кога е неопходна.

Според податоци од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, над 15,2 милиони луѓе низ светот се заразиле, а починале над 624.000 луѓе. Досега оздравеле над 8,6 милиони пациенти.


Фото: Freepik

Сепак, има земји што досега не потврдиле случаи на коронавирус, а тоа се следниве.

Кирибати
Маршалски Острови
Микронезија
Науру
Северна Кореја
Палау
Самоа
Соломонски Острови
Тонга
Туркменистан
Тувалу
Вануату

Извор: aljazeera.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје