X
 25.07.2022 Забава

Нов рекорд - прстен со 24.679 дијаманти

Ако еден дијамант не ви е доволен, ова може да е совршениот прстен за вас.

Индиската компанија за накит „SWA Дајмондс“ го сруши гинисовиот рекорд за прстен со најмногу дијаманти откако успеа на еден прстен да стави неверојатни 24.679 дијаманти.

Спектакуларниот прстен е дизајниран во облик на печурка и тежи 340 грама. Неговата вредност се проценува на 95.243 долари.

Бројот на дијаманти на овој прстен е речиси дупло поголем од бројот на претходниот рекордер, кој имаше 12.638 дијаманти.

Прстенот е наречен „Ами“, што значи бесмртност.



Извор: CNN
Фотографии: Guinness World Records
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава