X
 25.07.2025 Живот

Отворен „Тесла дајнер“: Ресторанот стана вирален хит за само 24 часа, а еве зошто

Во Холивуд, Калифорнија, се отвори „Тесла дајнер“ - мултифункционален простор во кој има ресторан, станица за полнење електрични возила и простор за забава. Станува збор за интересна идеја од сопственикот на „Тесла“, Елон Маск. 

Ресторанот се наоѓа на булеварот „Санта Моника“, а се простира на две нивоа и има 250 седишта.

Горниот кат, познат и како „Скајпад“, им нуди на гостите можност за јадење со поглед на Лос Анџелес, но и на два ЛЦД мегаекрани поставени надвор од ресторанот, кои прикажуваат филмови во кои можете да уживате дури и ако не сте гладни. Храната може да се нарача однапред преку компјутерски екран во електрично возило на „Тесла“, но и на самото место. Дел од храната ви ја послужува хуманоидниот робот „Тесла Оптимус“.

Менито е поделено во пет категории: појадок, бургери и сендвичи, детско мени, прилози и пијалаци. Тука можете да јадете сè, од хот-дог и тост со кашкавал до бургери и салати од „Тесла“. Цените се приспособени за американскиот пазар, а оброк може да се купи за околу 10 до 15 долари.


„Тесла дајнер“ е отворен 24 часа на ден, седум дена во неделата. Освен храна, нуди и можност за полнење на електрично возило во најголемата станица „Суперчарџер“ во светот со 80 полначи В4 „суперчарџер“ поставени пред ресторанот. Станицата е наменета за полнење на возила „тесла“, како и други електрични автомобили.

Во рок од 24 часа од отворањето, „Тесла дајнер“ стана вирален хит на социјалните мрежи. И додека обожавателите на „Тесла“ едвај чекаат да пробаат сè што нуди овој „Дајнер“, други не се воодушевени од новиот проект на Маск.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот