X
 25.09.2019 Наука

Научници тестираат вакцина против херпес на луѓе

Лекарите од Универзитетот во Пенсилванија мислат дека конечно развиле вакцина која би можела да биде превенција за генитален херпес.

Тимот ќе започне клинички испитувања на луѓе, учесници, откако вети тестирање на лабораториски глувци и на експериментални глодачи. Додека фармацевтските производи што лекуваат болести кај животни често не успеваат да го направат тоа за луѓето, вакцина за генитален херпес би имала далекосежни импликации за здравствената нега низ светот.

- Нашите резултати кај глувците се многу охрабрувачки - подобри од сè што сме виделе во литературата. Но, нема да знаеме дали оваа вакцина ќе функционира додека не ја тестираме на луѓе - истакна научникот Харви Фридман.

Ни едно од вакцинираните животни не развило генитални промени во ткивата кога било инфицирано со генитален херпес, покажува истражување објавено во списанието „Сајенс имунолоџи“. Но, превенцијата на болестите не е иста како превенцијата на пренесувањето на херпес - вирусот често преживува на супклиничко ниво без да предизвика видливи симптоми.

Повеќето други обиди за развивање вакцина против херпес доживеаја неуспех затоа што не ги превенираа овие таканаречени скриени инфекции. Но, новата експериментална вакцина го прави тоа кај 98 отсто од глувците и 80 отсто од експерименталните глодачи на кои била тестирана. Освен тестирањата на луѓе, тимот исто така ќе испита дали вакцината го спречува многу пообичниот херпес симплекс 1, кој предизвикува рани.

Развивањето ефективна вакцина за херпес, кој погодува речиси 4 милијарди луѓе во светот, би можело да ја подобри здравствената нега во голема мера.

Гениталниот херпес може да предизвика менингитис и исто така може да убие новороденче кога ќе се пренесе при породување. Ако научниците развијат ефикасна вакцина, сето тоа еден ден би можело да исчезне.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука