X
 25.10.2019 Култура

„Биби, Боби и непослушното јајце“ - нова сказна од „Светот на Биби“

Во подножјето на волшебната планина Биби и Боби наоѓаат јајце. И тоа какво јајце! Едно многу, многу непослушно јајце! А она што се крие во него... Ќе дознаете сѐ во новата сказна што ја нарековме „Биби, Боби и непослушното јајце“, чија премиера ќе биде в недела (27 октомври) во 19 часот на јутјуб-каналот на Биби.

Биби и Боби овој пат се впуштаат во нова авантура во која се вистински другари кои заедно сакаат да му помогнат на едно мало палаво јајце. Приказната ќе ги научи децата дека треба да бидат внимателни и да ги слушаат повозрасните и поискусните кога ги подучуваат.



Гласовите ги позајмија Слаѓана Вујошевиќ и Сашко Коцев. Сказната ја напиша Билјана Црвенковска, режијата е на Гоце Цветановски, а арт-директор е Михајло Димитриевски – Тхе Мичо.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура