X
 25.10.2019 Спорт

Влатко Андоновски ќе биде селектор на американскиот национален женски фудбалски тим

Влатко Андоновски ќе биде именуван за селектор на американскиот женски национален фудбалски тим, пренесува порталот „Спортс илустрејтед“ повикувајќи се на неименувани извори. Официјалната презентација е планирана за понеделник и ќе се одржи во Њујорк.

43-годишниот Андоновски беше прв тренер на фудбалскиот клуб „Рејн“ во Националната женска фудбалска лига во текот на изминатите две сезони откако си замина од „Канзас Сити“.

Според повеќе неименувани извори, Андоновски засега е најголемиот фаворит за позицијата. На клупско ниво, Андоновски тренирал влијателни американски ветеранки, меѓу кои е и Меган Рапино.

Првите натпревари за Андоновски ќе бидат следниот месец, кога САД ги пречекуваат Шведска и Костарика на 7 и 10 ноември во последните натпревари за 2019 година.

Инаку, Андоновски е роден на 14 септември 1976 година во Скопје и е македонско-американски фудбалски тренер и поранешен играч. Тој живее во Канзас Сити, Мисури, заедно со неговата сопруга и нивните три деца.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт