X
 26.02.2021 Живот

Уметник продал виртуелен мебел за речиси половина милион долари

Аргентинскиот дизајнер Андрес Рајзингер продал 10 парчиња виртуелен мебел во онлајн-аукција за 450.000 долари. Најскапиот непостоен предмет бил продаден за дури 67.777 долари.

Рајзингер станал познат на „Инстаграм“ по неговите илустрации на нереалистични парчиња мебел. Неговите виртуелни дизајни може да се постават во каков било 3Д-виртуален простор, како „Мајнкрафт“. Тие може да се користат и во апликации за виртуелна и аугментирана реалност, како и платформи за програмирање игри, анимации и филмови.



Виртуелниот мебел, кој се продавал на платформата „Нифти гетавеј“, се продал за помалку од 10 минути.

- Станува збор за многу амбициозен проект. Јас сум првиот што го прави и се надевам дека ќе ги отвори вратите за многу уметници и дизајнери. Ова е нов начин, комплементарен начин да продолжиме да ги развиваме нашите кариери и бизниси - изјавил Рајзенберг за „Дезин“.



Пет парчиња мебел од продадените модели ќе бидат направени во вистински, физички предмети и ќе им бидат испратени на нивните сопственици. Авторските права на Рајзенберг се заштитени со специјална технологија и делата не може да бидат украдени.



Автор: Џенифер Хан
Извор: dezeen.com
Фото: Принтскрин/Instagram
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот