X
 26.03.2021 Образование

УКЛО ТРИВИУМ Ораторски натпревар на тема „Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството“

Во рамките на активностите на УСС, на 17.04.2021 година (сабота) се организира УКЛО ТРИВИУМ Ораторски натпревар на тема „Ефектот на инфлуенсерите врз обликувањето на општеството“.

Право на учество во овој натпревар имаат сите редовни студенти на прв циклус студии од единиците на УКЛО. За најдобрите оратори се обезбедени парични награди.

Во рамките на натпреварот планирани се и две обуки од страна на организаторите кои ќе се одржат на 05.04.2021 година (понеделник), во просториите на Педагошкиот факултет – Битола, додека втората обука ќе се одржи на 10.04.2021 година (сабота), во просториите на УСС (Правен факултет – Битола, втор кат).
Учеството на овие две обуки е задолжително за сите пријавени студенти на УКЛО Тривиум.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО НА НАТПРЕВАРОТ

-    Секој учесник треба да го ограничи својот говор во траење од максимум 4 минути
-    Говорите што ќе се интерпретираат треба да бидат оригинални и претходно необјавувани
-    Задолжителни компоненти на говорот:
-    Вовед: 10-20 % од целокупниот говор
-    Главен дел: најдолгиот и најважниот дел од говорот
-    Заклучок: 5-10 % од целокупниот говор

ПРАВИЛА ЗА ГОВОРИТЕ

-    Говорите треба да бидат напишани и изведени на македонски јазик.
-    Сите говори ќе имаат 20 секунди грејс период, почнувајќи од моментот кога е даден Стоп знакот. По истекот на тие 20 секудни, говорникот ќе биде запрен од страна на Комисијата, и сè што кажал по тие 20 секунди нема да биде земено предвид.
-    Учесниците на конкурсот им ги отстапуваат авторските права на организаторот за објавување на говорите.
Сите заинтересирани студенти може да се пријават на следната Google форма, најдоцна до 01.04.2021 година: Апликациона форма за пријавување учество на УКЛО Тривиум 2021 (google.com).

Пријавените може да ги испратат своите говори најдоцна до 10.04.2021 година (сабота) на uklo.trivium2021@gmail.com

Напомена: УКЛО Тривиум ќе се одржи со физичко присуство во согласност со сите мерки и препораки за заштита од Ковид-19, во просториите на новата зграда на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, ФИКТ – Битола.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование