X
 17.01.2024 Образование

Ги запознаваме најдобрите студенти на УКЛО: Наташа Присаѓанец, дипломиран студент на Правниот факултет - Кичево

Во новиот серијал на УКЛО ги запознаваме најдобрите студенти. Серијалот го продолжуваме со Наташа Присаѓанец, дипломиран студент на Правниот факултет - Кичево.

Зошто одбра да студираш на УКЛО? Зошто е добро да се студира дома?


- Уште во моментот кога решив дека моето високо образование ќе го продолжам на правен факултет, веднаш знаев дека тоа би бил Правниот факултет при УКЛО. Чувството да студираш дома и одлуката да вложуваш преку своето знаење во сопствената држава има непроценливо значење, особено поради тоа што како студенти имаме премногу отворени можности за кои е потребна само амбиција и вложување труд.

Што значи за тебе наградата најдобар студент?

- Оваа награда за мене не е само обично признание, туку е и мотивација и показател дека сум направила правилен избор и дека во последните пет години сум избрала да сум на место и помеѓу луѓе кои го забележуваат и вреднуваат мојот труд.

uklo

Ги исполни ли УКЛО твоите очекувања? Кои моменти од студентските денови ќе останат во твоите сеќавања?


- Апсолутно да, и повеќе од тоа. Многубројните можности што ги имав како студент во последните пет години дефинитивно од мене направија подобра личност. Гледајќи наназад, можам само да кажам дека дадов сè од себе да ги искористам сите можности што ми беа понудени како студент на Правниот факултет при УКЛО и од сите нив добив нови и непроценливи искуства.

Од студентските денови има премногу моменти кои никогаш не би ги заборавила, но како најважнo би го издвоила дружењето и работењето во тим, кое беше неизбежен дел кога стануваше збор за учество во натпревари.

Каде се гледаш по пет години?


- По пет години се гледам како искусен и успешен правник со положен правосуден испит.

Твојата порака до сегашните и идните студенти на УКЛО?


- Мојата порака за сите сегашни и идни студенти е да не се откажуваат од своите соништа, иако знам дека понекогаш е тешко...
Кога се запишав на Правен факултет, верував дека ќе успеам бидејќи навистина го сакав тоа… и денес, по пет години сум избрана за најдобар дипломиран студент на факултетот.  Според мене, само оние што се доволно храбри и веруваат дека ќе го променат светот, можат да успеат во тоа.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование