X
 16.09.2016 Култура

Како да пронајдете работа во Норвешка?

Норвешка е рангирана како најатрактивна земја за работниците мигранти во Скандинавија. Но, тоа не значи дека е лесно да се дојде до работа. Затоа, новинарот Одри Андерсен објаснува што се' е потребно за да добиете работа во оваа земја.

 

работа


Според неодамнешно истражување од Универзитетот во Берген, норвешките работодавци повеќе сакаат етнички Норвежани дури и тогаш кога странците се поквалификувани за работната позиција.

Клучната порака која треба да ја имате во предвид е дека, освен ако не работите напорно за да се интегрирате во норвешката култура, вашите проспекти за работа се прилично ограничени.

Првиот чекор за градење на норвешка кариера е да го научите јазикот.

Барања за јазик

Ако одите во Европа од земја која не е членка на ЕУ и сакате да работите, потребно е да поминете 300 часа норвешки јазик, освен ако не сте државјанин на една од нордиските земји.

Ова во суштина е доста корисно. Додека англискиот дефинитивно дава предност, познавањето на пишаниот и говорниот норвешки ќе ви обезбеди подобар пристап до можноста за работа.

Постојат одлични часови по норвешки јазик кои им овозможуваат на имигрантите да научат норвешки и да се здобијат со добро познавање за тоа како работите функционираат во Норвешка.

Дозвола


Новата шема за регистрација сега им овозможува на граѓаните на ЕУ да живеат и работат во Норвешка без да аплицираат за дозвола за престој, се' додека се регистрираат во полиција.

Сите државјани на ЕУ кои сакаат да останат во Норвешка повеќе од 3 месеци мораат да се регистрираат во полиција, да покажат каде ќе престојуваат, да прикажат важечка лична карта или пасош и да достават документи со кои докажуваат дека нема да бидат на товар на услугите за социјална заштита.

За имигрантите кои доаѓаат надвор од ЕУ, процесот е покомплициран.

Најновите информации и процедури за апликации се достапни на Дирекцијата на Норвешката Имиграција (Utlendingsdirtektoratet), а нивната страна можете да ја посетите ТУКА.

Извори за барање работа


Пишувањето на добро мотивациско писмо и CV е најважниот чекор за успешно барање на работа. Писмото за апликација треба да се прилагоди кон секоја поединечна апликација за работа. Кога аплицирате за професии кои се објавени на норвешки јазик, тогаш најдобро би било вашето CV да биде на норвешки јазик, а треба да вклучува клучни информации од претходни работни места и личен краток опис.

Целта е да се убедат работодавците колку сте мотивирани да работите за нив. Може да ги контактирате дури и ако нема реклама за работа. Добро би било да се исконтактира норвешката агенција „NOKUT“ која ги утврдува образовните постигнувања на странските државјани.

Друга добра идеја е да направите профил на „LinkedIn“ каде вашето CV работодавците ќе можат да го гледаат онлајн. Агенциите за вработување во Норвешка активно бараат кандидати токму на оваа мрежа.

Веб страните како www.finn.no и www.manpower.no исто така се популарни помеѓу работниците и потенцијалните работодавци. „Еxperis“ е најголемата компанија за вработување во земјата, која специјализира во IT, финансиски консалтинг и инженеринг. Агенциите какоAdecco“, „Capus“ и „Orion“ се исто така клучни играчи во норвешкиот пазар на труд.

Стабилната валута на Норвешка и нафтеното богатство резултира со ниска стапка на невработеност и постојано создавање на работни места. Норвешка моментално се соочува со недостиг од 16.000 инженери, два пати повеќе од минатата година, а исто така има и недостиг на нафтени и градежни инженери.

Даноци

Секој жител на Норвешка е должен да плати данок на приходите и богатството. Граѓаните може да имаат картички за намалување на данокот кои на работодавците им покажуваат колку данок се одзема од вашите плати. Кога даночните пријави се обработуваат, граѓаните добиваат известување за данокот, кое содржи информации за приходите на кои се заснова утврдувањето на данокот и колку данок е одземен.

Политика


Додека норвешките работодавци повеќе сакаат норвешки работници, политичката средина генерално има позитивен став кон политиките за вработување на имигранти.

Интервјуа

Во принцип, кодексот на облекување за интервјуа за работа е доста секојдневен. Носењето вратоврска не е секогаш неопходно, меѓутоа се препорачува да изгледате уредно.

Норвежаните се и тоа како точни луѓе, па затоа добро би било да не доцните на интервју за работа. исто така, добро би било да го започните интервјуто со цврсто ракување и добар контакт со очите.

Панелот за интервјуа се состои од два до пет луѓе, а интервјуата траат од 45 до 90 минути.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура