X
 26.03.2022 Здравје

Пронајдена формула што открива колку вода треба да пиете дневно

Човечкото тело се состои од околу 60 отсто вода, па затоа е многу важно да останете хидрирани за вашето тело да ги извршува нормалните функции.

На вашето тело му е потребна вода за да ја регулира температурата, да ги заштити зглобовите, 'рбетниот мозок и ткивата и да го ослободи телото од отпадот. Иако можете да го хидрирате вашето тело со пиење многу течности, можете да го хидрирате и со консумирање храна со поголема содржина вода, вклучително и повеќе овошје и зеленчук.

Правилната хидратација е повеќе од „да се пие повеќе вода“. Голем дел од хидратацијата е грижата да ги наполните и вашите електролити. Ако сте физички активни, треба да се трудите да пиете повеќе од ова бидејќи на вашето тело му треба повеќе вода за да го компензира потењето.

Електролитите се есенцијални минерали кои се неопходни за многу телесни процеси. Тие можат да му помогнат на вашето тело да ја задржи водата, а исто така може да помогнат да се спречат грчеви во мускулите. Некои електролити вклучуваат калиум, магнезиум, калциум, натриум, фосфат и хлорид.

Можете природно да внесувате електролити со избирање храна или можете да ги дополните со внес на течности.

Колку вода треба да пиете секој ден?

Еве колку вода треба да пие секој човек во просек.

Жени: (тежина * 0,03) + (време на физичка активност *0,4) = литри

Мажи (тежина * 0,04) + (време на физичка активност *0,6) = литри

Од која храна можам да добијам електролити по природен пат?


Овошје: авокадо, јагоди, лубеница, портокали, банани, домати, маслинки;
Зеленчук: компири, брокула, грав;
Листест зеленчук: спанаќ, кељ.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје