X
 05.04.2023 Технологија

Кинеска приватна компанија успешно лансира ракета до орбитата

Кинеската приватна вселенска компанија „Спејс пајонир“ стана првата стартап-компанија што успешно испрати ракета до орбитата во првиот обид. Освен тоа, таа е првата кинеска компанија што испрати ракета со течно ракетно гориво до орбитата.

Ракетата „Тианглонг-2“ беше лансирана во неделата од Северозападна Кина. Таа однесе мал сателит во орбитата.

Ракетата работела на течен кислороден керозин, додека кинеските ракети најчесто користат цврсто погонско гориво. Погоните со течни горива се подобри за повеќекратно користење, што е целта на компанијата.

Ракетата има капацитет да носи 2.000 килограми до нискиот дел од орбитата или 1.500 килограми до повисокиот дел.

За да се илустрира достигнувањето на компанијата, „Спејс-екс“ направи четири обиди да испрати ракета до орбитата пред да успее во мисијата.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија