X
 26.07.2019 Образование

Просечна американска фамилија троши повеќе за студентски кредити отколку за гориво

Здравствената заштита и транспортот се потреба во модерниот американски живот. Исто и исплаќањето на студентските кредити станува потреба.

Според најновиот извештај на институтот „Џеј-Пи Морган Чејс“, една просечна американска фамилија дава повеќе пари за исплата на студентски кредити отколку за секојдневни потреби како гориво или здравствена заштита.

Извештајот, за кој биле анкетирани 4,6 милиони домаќинства кои исплаќаат студентски заеми, дава јасна слика за кризата со кредитите. Националниот долг за студентски кредити во САД е на највисоко ниво и изнесува 1,5 билион долари, притоа погаѓајќи 45 милиони Американци. И со оглед на тоа дека цените за партиципација на факултетите се дуплирани од 1980-тите години досега, студентските кредити станаа потреба за многу фамилии со мали приходи.

Во извештајот се наведува и дека фамилиите трошат 5,5 отсто од приходите за исплаќање на студентските кредити. Сепак, една од четири фамилии троши повеќе од 11 отсто од приходите на студентски кредити. Фамилиите со ниски приходи и младите лица кои земале заем трошат најмногу. Лицата помлади од 25 години трошат најмалку 16,8 отсто од нивните приходи за исплата на студентските кредити, додека 14,7 отсто од кешот на фамилиите оди за исплата на студентски кредит доколку тие заработуваат помалку од 50.000 долари.

Освен со приходите, студентските долгови се поврзани и со прилив и одлив на средства. Во ивештајот е наведено дека исплатите опаѓаат за 7 отстко кога позајмувачите ќе ја загубат работата. Кога ќе завршат бенефитите кои ги добиваат зашто се невработени, исплатите опаѓаат за 27 отсто.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование