Кога Летонија во 2024 година го обнови својот пасош, целта беше да се унапредат безбедносните мерки и заштитата од фалсификати. Но наместо да се задоволат со технички решенија, тие тргнаа по уметнички пат создавајќи дизајн кој претставува прошетка низ пределите на оваа балтичка земја. Денес, секој граѓанин може да патува со уметничко дело во џебот.
- Новото издание на пасошот е oда на прекрасната природа на Летонија. Кога патуваме во странство со овој пасош, секој од нас носи дел од летонската природа во форма на безбеден и сигурен документ - вели Маира Розе, раководителка на Канцеларијата за државјанство и миграции.
Дизајнот на пасошот е осмислен како патување низ сезонските промени во Летонија. Страниците се илустрирани со фотографии на Андрис Еглитис, а под УВ-светлина се откриваат скриени детали кои ја оживуваат природната магија. Секоја страница има различна слика што не е само естетска одлука, туку и сериозна безбедносна препрека за фалсификаторите.
Во целиот пасош се наоѓаат симболи на Летонија, од државниот грб, знамето, до химната, како и дополнителни карактеристики од природата. Посебно место имаат птиците-кран, кои се чести во Летонија, и кои симболизираат заминување и враќање, што се две суштински теми поврзани со пасошот. На страниците на документот се прикажани вкупно 20 различни птици.
Новиот пасош содржи напредни безбедносни елементи: УВ-печатење, холограмски ленти, мултиласерски слики, фотографија во силни бои и специјално мастило што ја менува бојата отпечатено во форма на дабов лист. Комбинацијата на овие карактеристики го прави летонскиот пасош еден од најбезбедните, но и највпечатливите во светот.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото:
Flickr