X
 26.08.2023 Здравје

Пиете едно до две пива дневно? Еве како тоа влијае врз вашето тело

Како да се опуштите по напорниот ден? За некои луѓе, релаксацијата вклучува уживање во алкохол. Пиењето ладно пиво може да го означи крајот на работниот ден и почетокот на драгоценото време за релаксација. Со оглед на важноста на нашите рутини за здравјето, важно е да се разбере како пиењето пиво секоја вечер може да влијае врз телото и умот.

Може да предизвика чувство на тага


Додека пиењето пиво на крајот од денот може да обезбеди моментално чувство на релаксација, нутриционистот Алекс Д'Елија вели дека тоа може да предизвика чувство на тага на долг рок.

- Алкохолот има депресивни и седативни ефекти, па иако може да обезбеди задоволство и релаксација на крајот од денот, штом ефектите ќе исчезнат, може да ги влоши чувствата на анксиозност - објаснува таа.

Може да предизвика несоница


Иако алкохолот може да создаде чувство на опуштеност, Д'Елија истакнува дека тој всушност може да го намали квалитетот на сонот, но може и да го наруши производството на мелатонин, хормон кој се лачи по стемнување и игра клучна улога во циклусот на спиење.

2
Фото: Freepik

- Иако алкохолот дејствува како седатив и го олеснува заспивањето, тој всушност може да го наруши РЕМ-спиењето и да го намали севкупниот квалитет на спиењето. Овој ефект дополнително го поткопува менталното здравје бидејќи недостигот на сон може да предизвика промени во расположението - вели Елија.

Може да го наруши варењето на храната

Нутриционистот Џона Бурдеос забележува дека дури и консумирањето едно или две пива може да предизвика дигестивни проблеми кај поединци. Науката потврдува дека алкохолот може да го иритира дигестивниот систем и да го наруши балансот на корисни бактерии во цревата. На краток рок, ова може да резултира со киселини во стомакот. На долг рок, може да предизвика воспалителни процеси како гастритис - дури и кога се консумира умерено.

Може да го зголеми ризикот од одредени здравствени проблеми

Иако е јасно дека прекумерното пиење алкохол може негативно да влијае врз здравјето, истражувањата се поделени кога станува збор за умереното консумирање. Некои истражувања посочуваат дека умереното пиење алкохол не мора да доведе до зголемување на телесната тежина, па дури и може да има позитивен ефект врз здравјето. Сепак, едно е јасно, според Бурдеос (и научните студии): алкохолот не е добар за црниот дроб. Ова вклучува пиење само едно пиво навечер. Дури и умереното пиење алкохол го зголемува ризикот од заболување на црниот дроб.

Важно е да се нагласи дека повременото пиење неколку пијалаци веројатно нема да предизвика низа негативни здравствени проблеми. Но, нашите навики играат значајна улога, вклучувајќи го и начинот на кој се опуштаме на крајот од денот.

Извор: Klik.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје