X
 11.01.2015 Здравје

Зошто органската храна е поразлична од обичната храна?

Што е конвенционалното или редовното земјоделство?

Конвенционалното земјоделство користи пестициди, хербициди и ѓубрива на културите. Поради тоа, синтетичките хемикалии оставаат токсични остатоци кога се набрани. Во конвенционалното земјоделство, за да се зголеми производството на храна и профит, како и да се спречат болестите, животните се подложени хормонски инјекции и антибиотици. Благосостојбата на животните често не е главна грижа во практиката на ова земјоделство.

Што е органското земјоделство?

Стандардите коишто се поставени во органското земјоделство забрануваат употреба на синтетички пестициди, хербициди и ѓубрива. Исто така, забранета е употребата на антибиотици, хормони и други хемикалии. Наместо тоа, се користат природни материи како што се гној/ѓубре.

Во органското земјоделство соодветниот третман на животните е од голема важност кога станува збор за нивното одгледување за храна. Соодветното управување со животните обезбедено преку стандарден регулаторен систем има за цел да им обезбеди хуман третман.

Како резултат на сето тоа, органското земјоделство ни дава можност да ја подобриме нашата почва, ни овозможува незагадена вода, заштита на биолошката разновидност како и на екосистемите, и секако сочувство и грижа кон благосостојбата на животните. Забрането е и ставање на хормони или антибиотици кај животните.

Кои се добрите и лошите страни кај органската храна?

Добри страни:

- Подобрување на квалитетот на почвата;
- Постојат истражувања кои покажуваат дека органската храна нуди подобра исхрана;
- Иако вкусот е субјективна работа, постои мислење кое укажува дека органската храна е повкусна;
- Гаранција за хуман третман на животните на фармата;
- Гарантира хранење со годишните времиња, со што ви обезбедува низа на хранливи материи во текот на годината

Лоши страни:

- Генерално е поскапа;
- Органската храна може да не е лесно достапна во продавниците како конвенционалната храна.
- Може да биде потешко да се купи одредена храна кога ви е потребна во одредено време во годината, со тоа што се одгледува во согласност со годишните времиња

Кои се добрите и лошите страни кај конвенционалната храна?

Добри страни:

- Поевтина е од органската храна;
- Снабдување во текот на целата година;
- Може да се купи во секоја продавница;
- Лесно достапна

Лоши страни:

- Токсични остатоци;
- Негативен ефект врз животната средина;
- Не постои благосостојба кај животните;
- Некои истражувања велат дека конвенционалното овошје и зеленчук немаат толку хранливи материи како органските;
- Често пати конвенционалната храна се чува во ладни простории со што нејзините хранливи материи се намалени
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје