X
 26.09.2025 Живот

Бројот на лица над 70 години во Финска надмина еден милион

Бројот на лица на возраст од 70 години и повеќе во Финска првпат достигна еден милион, според извештајот за населението објавен во вторникот од „Статистик Исланд“.

Според извештајот, населението на Финска на крајот од август изнесувало 5.650.325 лица, од кои 1.000.148 биле стари најмалку 70 години.

Ова значи дека лицата над 70 години сега сочинуваат 18 отсто од вкупното население, додека во почетокот на 90-тите години само 9 отсто.

- Зголемувањето на овој удел ја одразува староста на населението. Големата демографска група родена по Втората светска војна сега има 75-80 години - вели Јоонас Тоивола, кој работи во „Статистик Исланд“.

Меѓу населението над 70 години 432.017 се мажи, а 568.131 се жени.

- На долг рок, намалена е смртноста, а очекуваниот животен век се зголеми. Овој развој овозможи бројот на постари лица да расте - додава Тоивола.

Миграцијата го ублажува ефектот на стареењето


Иако населението на Финска старее, најголемата демографска група според година на раѓање се луѓе родени во 1990 година (78.615 лица според извештајот од август).

Втората по големина група се луѓе родени во 1992 година (78.547), а третата се родените во 1983 година (77.621). Најголема е групата од 30 до 34 години (382.328 лица), кои сочинуваат 6,8 отсто од населението.

Исто така, извештајот го потенцира влијанието на миграцијата врз бројките на населението, бидејќи ако се вклучат само лица родени во Финска, најголемите возрасни групи би биле значително постари. На пример, родените во 1963 година би биле најголема возрасна група.

Населението на Финска се зголемило за 14.354 лица, во периодот од јануари до август, претежно поради миграција.

Ефектите од стареењето на финското население се гледаат и во новата прогноза за население објавена минатата недела, која покажува дека населението во селата, градовите и дури и помалите градови ќе се намалува со голема брзина во следните две децении.

Извор: Yle.fi
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот