X
 26.10.2018 Технологија

Проектот „Vip Experience“ е исклучително искуство за новите членови на големото Вип-семејство

Горан, Ивана, Никола и Наташа ги споделуваат своите импресии од начинот на кој ја започнаа кариерата во Вип




Од 170 пријавени кандидати, дваесетина влегоа во потесниот избор за новите работни места во Вип, како дел од иновативната програма за регрутирање нов кадар „Vip Expеrience“. Својата кариера ја започнаа осум млади ИТ и електроинженери кои веќе еден месец работат со нови технологии, со менторите развиваат нови системи и се на добар пат да изградат успешни кариери. Горан, Ивана, Никола и Наташа ги споделуваат своите впечатоци од начинот на кој стигнаа во Вип, но и откриваат како е да се биде дел од ова семејство.

Горан Николов е дел од ЦРM оделот (Customer relationship management). Тој е дипломиран инженер по информатика и магистер по софтверско инженерство на ФИНКИ. За „Vip Experience“, новиот модел за регрутирање кадар, вели:
- Поминавме неколку интервјуа, групно тестирање, беше мошне интерактивно. Го поздравувам овој модел бидејќи на кандидатите им дава можност навистина да покажат што умеат. Воопшто немав трема. Стануваше збор за можност за работа во интернационална компанија, со многу големи можности за напредување, па тоа ми беше најголем мотив при самото тестирање – вели Николов.
Тој има и претходно работно искуство, но вели дека му бил потребен нов предизвик.
- Промените се здрави, нудат можност за посилни резултати на вработените, се јавуваат нови амбиции и предизвици. Вип е агилна компанија која работи по одредени стандарди. Работната атмосфера е динамична, се работи на проекти, се стекнуваат нови знаења. Има многу позитивна енергија – вели Николов.


Горан Николов

Ивана Мановска работи во БСС оддел (Business solution systems), како специјалист во продукт-каталог на тарифи, промоции, многу различни проекти. Таа ја подготвува дипломската на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).
- Начинот на кој стигнавме до Вип беше несекојдневно искуство. Имаше многу кандидати и ете, најдобрите стигнавме до целта. Самиот процес се одвиваше во неколку чекори. Мене многу ми беше од корист самодовербата, треба да веруваме во себе, само така се стига до целта. Вип однадвор, но и однатре изгледа прекрасно. Очекувањата ми се многу големи. Ова е движечка компанија, со млад и амбициозен кадар, каде што се најбитни агилноста, довербата и тимската работа пред сѐ – вели Мановска.


Ивана Мановска

И Никола Николиќ, исто како Ивана, е во БСС одделот и работи како продукт-каталог специјалист.
- Конкретно работам на тестирање на платформите што ќе ги направат од продукт-каталог.
Тој е студент на ФИНКИ и вели дека во овој сектор, каде што е во моментот, може многу да се напредува.
- Работиме на развој на нови продукти и нови функционалности на системите и навистина е интересно. Компјутерските науки нудат перспектива за секој млад човек, особено програмирањето. Тоа е движечка сила во една компанија, особено во овој сектор – вели Николиќ.


Никола Николиќ



Наташа Андонова

Наташа Андонова е во одделот за наплата. Таа дипломирала на Факултетот за електротехника и компјутерски науки, на насоката телекомуникации.
- „Vip Experience“ беше многу убаво искуство за мене. Не беше класично интервју во кое имаш само пет-десет минути да кажеш нешто за себе. Имавме шанса да се запознаеме со вработените во Вип, со менторите, па да решиме реален проблем.
- Тука ми се допаѓа темпото со кое се развиваме и учиме. Брз е развојот, некако те фрлаат в оган, но тука се за тебе да проценат колку можеш и дали си подготвен за предизвиците. Се опуштивме многу брзо и сфатив дека многу брзо се учи. Тоа е најважно за млади луѓе како нас – вели Андонова.




Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија