X
 29.10.2018 Технологија

„Во Вип немаме шефови, туку ментори кои не го чуваат знаењето за себе“


Зоран, Симона, Васко и Викторија се едни од кандидатите што успеаја да влезат во Вип-семејството преку иновативната кампања за регрутирање „Vip Experience“. Тие велат дека најмногу се одушевени од третманот што го добиваат од постарите колеги.



Кога Зоран Сиљановски првпат влегол во канцелариите на Вип, си помислил: „Еј навистина ли тука ќе работам“?
Но, за брзо време сфатил дека не е одушевен само од фасадата и внатрешно уредениот простор. Таму има нешто што многу повеќе му требало.
- Тука има многу добар тим, сите се отворени, едноставно се кул. Има и шеги, но се сериозни кога треба. Најважно од сѐ е што не се штедат кога е во прашање споделувањето на искуство и знаење. Тоа за нас, младите, е најважно. Достапни ни се многу ресурси за учење и тоа е сѐ што сега ни треба. Добра опрема, ресурси и менори кои сакаат да те научат – вели Сиљановски.
Тој образованието го стекнал на Бизнис-академија Смилевски и во Бреинстер. Работи во одделот CRM – Customer Relationship Management.


Зоран Сиљановски

Симона Колоска е апсолвент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа се пријавила на „Vip Experience“ и искрено верувала дека може да биде тоа „ново освежување“ што го бараше оваа компанија.
- Сум била на многу други интервјуа за работа, но ова беше сосема поинакво искуство. Тука преку интервјуто и преку таа практична задача што ја решававме тимски ние учевме нешто ново – вели Колоска.
Таа е во одделот Business Support Systems, во продукт-каталог како јуниор експерт. Објаснува дека тука се прават и се креираат сите промоции и навистина ѝ е интересно.
- Најмногу од сѐ ми се допаѓа што имаме простор да научиме, колеги од кои може да научиме. Несебично го споделуваат сето знаење со нас – вели таа.


Симона Колоска

Васко Дојчинов е дипломиран инженер на ФИНКИ. Во Вип работи во одделот CRM – Customer Relationship Management.
За процесот на селекција на кандидатите што го промовираше Вип, вели дека е иновативен и несекојдневен.
- Мене најинтересно ми беше кога дојдовме до 20 кандидати и имавме натпревар во тимови на кој решававме одредени проблеми. Тоа беше голем предизвик, а ние, инженерите, тоа најмногу го сакаме – вели Дојчинов.
Информациско-компјутерските науки се многу атрактивни за младите во Македонија, а Дојчинов потврдува дека во моментов е една од најпросперитетните области.
- На нашите факултети се стекнува многу добра основа. Искрено, на секој што му оди информатиката, нема да згреши ако се реши за студии во оваа област.
Во Вип најмногу го одушевува можноста за проширување на знаењата.
- Имаме една платформа на која има над 2.000 курса што може да ги полагаме и да добиеме сертификат. Тоа е голем предизвик за мене и ќе гледам да поминам многу од нив. Јас дури и би додал уште некој на листата – вели тој.


Васко Дојчинов


Викторија Јорданова

Викторија Јорданова е дипломиран електроинженер на ФЕИТ. Вели дека е импресионирана од односот на менторите и постарите колеги кон младите што доаѓаат на работа или на пракса во Вип.
- Многу добро ме проценија од човечки ресурси, за која работа сум најдобра. Сега сум јуниор специјалист за наплата. Тоа значи регистрирање на сите настани што поминуваат низ мрежата на Вип и низ другите оператори и нивно соодветно мерење и, секако, нивна наплата.
Најмногу ѝ се допаѓа тимот со кој работи.
- Сите се големи професионалци, пред сѐ, и сакаат да помогнат во секое време – завршува Јорданова.





Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија