На „Тик-ток“ се појави нов тренд кој брзо им го привлече вниманието на младите. Корисниците масовно споделуваат необични и многу специфични моменти во кои постигнуваат таканаречена „флоу стејт“ - состојба на целосна фокусираност, но на сосема неочекуван начин.
Не станува збор за психолошки поим во класична смисла, туку за духовит опис на моменти кога комбинацијата од случајни активности, како грицкање омилена храна додека гледаш серија и истовремено седиш на телефон, создава чувство на совршена усогласеност и ефикасност.
Храната како „поттик“
Еден од најпопуларните примери го споделува една тиктокерка објавувајќи видео во кое јаде и на шега пишува: „Кога јадам крилца и помфрит додека пијам вода и искрено влегувам во флоу стејт.“ Снимката собра девет милиони прегледи, а коментарите покажаа дека многумина се препознаваат во овој момент.
- Потоа излегуваш од таа состојба и сфаќаш дека си изел десет крилца и голема порција помфрит за помалку од една минута - се пошегува еден корисник.
Слично искуство опиша и друг корисник, чија флоу стејт настанува со спојување музика и социјални мрежи.
- Кога слушам внимателно склопена плејлиста додека пребарувам на „Пинтерест“ и искрено влегувам во „флоу стејт“.
Дека „флоу стејт“ може да се постигне и во разговор, докажа корисникот @larataz.
- Кога јас и другарка ми пишуваме толку брзо и усогласено што пораките ни се преклопуваат, тоа е вистински „флоу стејт“ - напиша таа во виралниот видеоклип кој собра над 16 милиони прегледи.
Пијалак, храна и озборување
Својата верзија на совршен „флоу стејт“ ја сподели и @gretalouisetome.
- Кога пијам мартини, јадам крцкава тортилја од ориз и слушам трачеви, тогаш искрено влегувам во „флоу стејт“.
Од каде потекнува звукот што го следи трендот?
Популарниот звук што ги следи овие видеа всушност потекнува од старо вирално јутјуб-видео во кое се појавуваат Шејн Досон и Џефри Стар. Во оригиналната сцена Џефри реди палети сенки, додека Шејн со изненадување реагира, па токму таа реакција станала основа за омилениот звук кој повторно стана хит.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Freepik